| |  
 
 
 

 

Услови и правила

 

Ве молиме прочитајте ги внимателно условите и правилата пред да ги користите сервисите на сајтот Doma.com.mk.
Ако не се сложувате со нашите услови, Ве молиме да не го користите истиот.
Ви препорачуваме повремено да ја проверувате страната за одредени промени.


 

Користење

Doma.com.mk интернет сајтот може да се користи без никакви надокнади за користењето, а во согласност со овде наведените услови и правила.
Со користњето на интернет продавниците на сајтот Doma.com.mk се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.


Услови

Условите за купување на производи преку интернет продавниците на Doma.com.mk се дефинирани со следниве параметри: нарачка, подготовка, испорака, плаќање, рекламација. Испорачателот на производите а.д. Скопски Пазар, СП Расадник - Кисела Вода - Скопје, Подружница Е-трговија и МКВ Концепт преку своите интернет продавници овозможува купување на голем дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во неговата понуда.
За купувач се смета секоја личност која преку електронски пат ќе нaрача производи во вредност најмалку од 500 ден.
Сите цени се изразени во македонската национална валута (ден) со вклучен ДДВ.


Нарачка

Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка . Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот избере, нарача како и го потврди начинот на плаќање. МКВ Концепт/ СП се обврзува да ги испорача сите нарачани производи кои за време на испораката ги има во магацин. Доколку не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail и по можност да го замени производот со друг соодветен.

Цени

Цените важат на денот на испорака.


Подготовка на нарачката

Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани во специјални корпи за да истите не бидат оштетени за време на транспортот.
Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорност по однос на рекламацијата за испорака на производите.


Плаќање

Купувачот се обврзува да ја плати сумата за испорачаните производи преку еден од следните начини на плаќање:
- со кредитни картички (на самиот сајт или при испорака)
- во готово (при испорака)
- на фактура ( начин на плаќање предвиден за правни субјекти со претходно склучен договор со Doma.com.mk). Погледни договор.


Испорака

Нарачката ја доставуваме со сопствени возила, секој ден во рамките на термините за испорака понудени и избрани на сајтот на Doma.com.mk


Враќање/ Рекламација на производи

Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на МКВ Концепт/ СП во Контакт центарот на тел. 02 2774 452, моб: 070 233 214 или писмено преку e-mail: contact@doma.com.mk.
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
- испорака на производи кои не се нарачани.
- испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба.
- испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот.
Во случај да не е во можност да испорача други производи, МКВ Концепт/ СП ќе му ги надомести на купувачот неговите трошоци и вредноста на производите кои не може да му се испорачаат.


Изјава за заштита и чување на личните податоци од неовластено користење

МКВ Концепт се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници.
Ги регистрираме само основните податоци потребни за непречена работа и истите ги користиме за информирање на корисниците за начинот на нивното користење.
Постојано им даваме на корисниците можност за избор при употребата на нивните податоци, вклучувајќи ја и одлуката дали тие сакаат или не нивното име да се избрише од листата која се користи за маркетинг кампањите.
Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни се само на оние лица кои ги извршуваат непосредните активности вклучени со корисниците.
Сите лица во МКВ Концепт и фирмите партнери се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.


Измени

МКВ Концепт и СП го задржуваат правото на измена на овие услови и правила без претходна најава.
Сите промени се применуваат на користењето на doma.com.mk интернет сајтот.
Доколку не се сложувате со наведените правила на користење или не сакате да ги прифатите, Ве молиме да се обратите во нашиот Контакт центар на тел. 02 2774 452, моб: 070 233 214 или на e-mail: contact@doma.com.mk со своите забелешки и за тоа време Ве молиме да не ги користите уcлугите на нашите интернет продавници на сајтот Doma.com.mk.


Регистрација

За да се регистрирате на нашата интернет страна треба да го пополните формуларот даден на Doma.com.mk
Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата.
Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата, должни сте да го ажурирате вашиот профил како би не информирале за настанатите промени.
Купувањето на тутунски производи и алкохолни пијалоци е забрането за луѓе под 18 години. Со купувањето на овие производи се изјаснувате дека имате 18 години и повеќе.


Сигурност

При самата регистрација во нашите интернет продавници должни сте да креирате корисничко име и лозинка која треба да ја зачувате само за себе и да не ја давате на други лица.
Одговорни сте за сите акции и нарачки кои се нарачани со вашето име и лозинка.
Ако знаете или ако ce сoмневате дека уште некој друг ја знае Вашата лозинка, должни сте да не известите за тоа во нашиот Контакт центар на тел. 02 2774 452, моб: 070 233 214 или на e-mail: contact@doma.com.mk.
Доколку постои било каква сомнителност за некаков пропуст во сигурноста МКВ Концепт има право од Вас да бара да ја промените лозинката или може да ја блокира Вашиот кориснички профил.


Надворешни услуги

Услугите кои Ви ги овозможува МКВ Концепт интернет продавниците Не ги вклучуваат трошоците што ги сносите користејќи ја компјутерската опрема и услугите за пристап на нашите страни. МКВ Концепт не е одговорен за трошоците за телефонот или било кои други трошоци кои може да настанат.


Интелектуална сопственост

Содржината на Doma.com.mk интернет продавниците е заштитена и МКВ Концепт го има еднинственото право за нивно користење. За секое комерцијално користење на содржината од doma.com.mk мора предходно да добиете одобрение и да контактирате на e-mail: info@doma.com.mk


Достапност

Иако МКВ Концепт настојува да Ви ја даде најдобрата понудена услуга, МКВ Концепт не може да гарантира дека услугите на doma.com.mk ќе одговараат на Вашите потреби. МКВ Концепт исто така не може да гарантира дека услугите ќе бидат без погрешки. Доколку дојде до такво нешто Ве молиме да се јавите во нашиот Контакт центар 02 2774 452 или на e-mail info@doma.com.mk како истата би ја отклониле во најбрз можен период. Пристапот до doma.com.mk понекогаш може да биде недостапен поради работа и одржување на истиот или воведување на нови содржини.


Други интернет страни

Doma.com.mk може да има вклучено врски (линкови) до други интернет страни. Содржините на тие страни се надвор од контролата на МКВ Концепт и затоа не сме одговорни за содржината на тие страни.


Огласување

Делот од Doma.com.mk на МКВ Концепт е одговорен за огласувањата во делот на маркетингот и за содржината која треба да биде во согласност со законските норми и правила. МКВ Концепт не е одговорен за било какви погрешки и неправилности во делот на документацијата од маркетинг кампањата.


Ориентациона цена

Цената во Вашата кошничка е ориентациона цена. Тоа е наша проценка колку ќе изнесува Вашата нарачка кога ќе Ви ја доставиме сo нарачаните производи. Меѓутоа истата може да се разликува минимално во зависност од производите кои Ви се испорачани. Тоа посебно се однесува во делот на пакуваните производи со различна грамажа (пр. Сувомеснати производи, млечен програм, замрзнат програм итн.) Ако цената пресметана за некои од производите е повисока или пониска од онаа прикажана за време на правењето на нарачката и не сте задоволни со истата, целата нарачка може да се врати веднаш или да ја прифатите каква што е и ја платите истата.


 
Услови и правила | Контакт | Помош | Политика за приватност   doma.com.mk 2006 © webmaster